
Иако повозрасните генерации недоволно го знаат, младиот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ ги освои срцата на Македонците со концертот под отворено небо во Охрид.
Миленикот на младите приреди вечер исполнета со музика, емоции и бројни изненадувања. Дополнителни овации предизвика и неговата интерпретација на „Боже, чувај ја од зло“, еден од најпознатите хитови на Тоше Проески, со која му оддаде почит на легендарниот македонски музичар. Јаков, особено е омилен кај децата и тинејџерите, кои со посебна еуфории побрзаа да си направат „селфи“ со мега-ѕвездата.
Додека младиот Јозиновиќ го нарекуваат „идниот Чола“, легендарниот Здравко Чолиќ, пак пееше во Битола пред рекордна публика.
Безвременскиот Чолиќ, во саботата, одржа тричасовен концерт на стадионот „Петар Милошевски“, пред повеќе од 15.000 посетители. Публиката, која пристигна од цела Македонија и од соседните земји, пееше во еден глас со балканската музичка икона, претворајќи ја вечерта во вистински спектакл, а концертот се претвори во собир на повеќе генерации.
Фановите од Македонија, несомнено, имаат добар музички вкус, па така легендарниот Чолиќ и младиот Јозиновиќ кој многумина го сметаат за негов музички наследник, срдечно ги пречекаа и во полна форма уживаа во низната музика.