Јовановски за „Сејф Сити“: И овој народ може да биде одговорен, во еден милионски град

По првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, во текот на завчерашниот ден не бил регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор - црвено светло. 

Ова го соопштија од полицијата, а информацијата веднаш беше протолкувана на социјалните мрежи. Многумина кои го поддржуваат проектот „Сејф Сити“ велат дека ова се конкретните резултати на терен. 

Младиот активист и писател Мартин Јовановски го сподели својот став на темава, во прилог на зголемената безбедност: 

- Од системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 526 прекршоци, првпат не е регистриран ниту еден за минување на црвено светло... Вчера можеби е спасен еден живот, можеби и два, три, пет...а можеби и никој не е спасен, можеби и ништо не е сменето со ограничувањата и камерите. Којзнае, реално никој не може да тврди ништо со сигурност, вели тој. 

- Меѓутоа, кога во еден милионски град, во 24 часа нема да биде евидентирано ниту едно поминување на црвено светло, евидентно е дека дури и кај овој народ може да се воспостават правила и истиот да биде дисциплиран и одговорен. Со податокот од погоре само се потврдува дека НИШТО ОСВЕН ФИНАНСИСКА ПОСЛЕДИЦА И ЗАБРАНА ЗА УПРАВУВАЊЕ ВОЗИЛО ОДНОСНО ЗАКАНА ЗА ЕФЕКТИВНО НАРУШУВАЊЕ НА КОМОДИТЕТОТ НЕ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ РЕД, ПОЧИТ, ВНИМАНИЕ, БЕЗБЕДНОСТ И ДИСЦИПЛИНА НА УЛИЦИТЕ.

Во недостаток на созреаност, свесност и воспитување, ништо освен камшикот не носи ефект. И ова е факт. Суров, очигледен, неспорен, наведува тој во својата фејсбук објава.