Јовановски за повлекувањето од преговорите со Арсовска: Не сакав да бидам пречка за договор

Приватните превозници денеска имаа состанок со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по што беа задоволни и оптимисти дека наскоро ќе се вратат на улиците на главниот град.

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ не беше дел од преговорите со Арсовска, а во разговор со „Макфакс“ вели дека очекува исплата на долгот кој го има ЈСП Скопје кон приватните превозници.

- Јас лично не сакав да бидам ниту како директор, ниту како „Слобода превоз“ пречка за некаков договор со Арсовска. Најважно во моментов е превозниците да се вратат на работа и да им биде исплатен долгот, кажа Јовановски.