Јовановски со „освестувачки“ статус за брзото возење: Не сте во GTA, еден живот имаме сите!

Горјан Јовановски, младиот иноватор, а од неодамна и советник во Советот на Град Скопје, се огласи со „освестувачки“ статус на социјалните мрежи, откако уште еден пешак смртно настрада на скопските улици. 

-Ако видите дека ваш пријател, родител, познаник или дете вози над дозволената брзина и не застанува на пешачки премини, застанете го и направете му/и сериозен муабет. Пренесете му го следното.

За 5 минути побрзо да стигне на крајната локација, тој/таа:

- Цел живот ќе носи жртва на душа, ќе има кошмари, нема да спие веќе мирно

- Ќе се влечка по судови, по можност и во затвор ако нема врски јаки

- Ќе се врти преку рамо цело време плашејќи се дека семејството на жртвата ќе ја земе правдата во свои раце

- Ќе има оцрнет имиџ доживотно како убиец, напиша Јовановски. 

Тој додава: 

-Еве, зошто очигледно на тие возачи не им е друг важен освен самите себе, ова се последиците по самите себе. Се надевам дека тие нема да се сложат дека ова вреди за 5 минути побрзо да стигнат негде. Не сте во GTA или NEED FOR SPEED, еден живот имаме сите, нема reload game опција во овој, вели младиот активист.