Јовановски најави нови паркови и 30.000 нови садници во општина Центар

Сакам да зборувам од името на секој центарец, сакам чист воздух, сакам паркови, сакам зеленило, истакна денес кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар, Дејан Јовановски.

-Сакам чиста животна средина, сакам да ги гледам моите деца како го поминуваат своето детство во чиста околина. Го бараме вашиот глас, ја бараме вашата доверба за да можеме во следниот период да засадиме 30.000 нови садници на територијата на општина Центар, да ги зазелениме бетонските недостапни површини. Сакаме да направиме зеленило  и оаза во секој дел од нашата општина. Ќе направиме нови паркови, ќе ги одржуваме истите, а ќе направиме  реконструкција на постоечките, истакна тој.

Јовановски порача дека Центар е срцето на Скопје и побара доверба за да го направи Центар зелен.