Јовановски го посети Дневниот центар за лица болни од церебрална парализа

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар, Дејан Јовановски, и носителот на советничката листа, Зоран Поповски, денес остварија посета на Дневниот центар за лица болни од церебрална парализа.

Со вработените поразговараа за клучните проблеми со кои се соочуваат оваа група граѓани на локално ниво, како и за идни проекти што може да се реализираат помеѓу општината и Центарот.

Главно внимание ќе биде посветено на одржување на хигиената на просторот околу Центарот како и на соодветно обележување на паркинг просторот со назнака “паркинг за хендикепирани лица” во непосредна близина на Центарот.