Јоксимовиќ кој ја компонираше музиката за „Тома“: Невозможно е да се биде боем на Твитер или Фејсбук

Жељко Јоксимовиќ, добро познатиот музичар на балканските простори, иако и претходно компонирал музика за филмови и серии, овој пат за „Тома“ се чини дека се надмина себе си.

Композиторот на филмската музика за ремек-делото кое руши рекорди на гледаност и го „крена целиот Балкан на нозе“ во интервју за српски „Информер“ зборува за тоа како се создавал филмот, но и за љубовта и боемството како главни ноти на филмот за легендарниот Тома Здравковиќ.

-Неверојатно сум задоволен затоа што мислам дека го направивме тоа што е најтешко во секоја смисла на уметничкиот потфат. Ги наведовме луѓето да чувствуваат и тоа да го прават без било каква резерва, со секој дел од душата, непрекриено, јавно и ми се чини дека поубаво нешто на нашето филмско небо одамна се нема случено. „Тома“ е некоја наша верзија на оние стари холивудски филмови кои ги гледавме со марамчиња во рацете. Но, се тоа не би било возможно ако целиот живот на Тома не би бил ништо друго туку токму една голема љувов, често несреќна и невозвратена, но непрестајна, љубов која во себе имала моќ да создаде некои од нашите најубави песни, вели српскиот пејач и композитор. 

Јоксимовиќ во интервјуто зборува и за денешните боеми.

-Мислам дека боемите изумреа со појавата на мобилните телефони и друштвените мрежи. Дали може да го замислиме Ѓура Јакшиќ како пишува стихови и пие, а непрестајно му ѕвони телефонот. Невозможно е! Новите технологии некако не изместија од оние места на кои вообичаено комунициравме со другиот, но и со самите себе. Невозможно е да се биде боем на Твитер или Фејсбук. А тие го заменија оној стар кафански социјален живот, оној кој подразбираше размена на информации и чувства. Никогаш не може така да се доживее Инстаграм или било која друга друштвена мрежа. Неповратно замина тоа на што денес драго се сеќаваме, потенцира Јоксимовиќ.