Јогурт -  здрава супернамирница која треба да е дел од нашата секојдневна исхрана

Постојано се зборува за тоа колку се важни пробиотиците во нашата исхрана.

Јогуртот е одлична супернамирница која е одлична за нашето здравје, а пред сè за нашата цревна флора.

Содржи добри бактерии

Жива и активна култура е нешто што често можете да го прочитате на пакувањата за јогурт. Тоа се добри бактерии кои се одлични за нашата цревна флора, а особено за луѓето кои се соочуваат со долгорочен стрес и употреба на антибиотици. На тој начин се намалуваат и инфекциите во нашето тело и нашиот организам е поотпорен на различни болести. 

Улогата на овие бактерии е и да помогне во регулирање на варењето и подобрување на имунолошкиот систем. 

Богат со витамини и минерали

Една чаша јогурт содржи значајно количество калиум, фосфор, рибофлавин, јод, цинк и витамин Б5. Тој содржи и витамин Б12 кој ги чува црвените крвни зрнца и му помага на нашиот нервен систем да функционира одлично. Овој витамин првенствено се наоѓа во производите од животинско потекло како што се пилешкото и рибата, така што многу вегетаријанци имаат недостаток од Б12. Треба да знаете дека само 200 мл јогурт дневно содржи 1,4 микрограми од овој витамин што е повеќе од 60% од нашите дневни потреби. 

Го штити дебелото црево

Научниците истакнуваат дека внесот на 1200 мг калциум на ден или 2 големи шолји јогурт го намалува ризикот за заболување од рак на дебелото црево за 75%. Калциумот е моќен бидејќи го оневозможува растот на штетните клетки на ѕидот на дебелото црево.

Јогуртот помага во обидот да се постигне рамен стомак

Луѓето кои редовно пијат јогурт немаат проблем со задршка на течности и подуен стомак и одлично се носат со намалувањето калории, со тоа што губат дури 22% од телесната тежина и 81% од салото на стомакот доколку се држат до балансирана исхрана која содржи јогурт. Ова се резултатите спроведени на универзитетот Тенеси. Кога јадеме јогурт, калциумот им сигнализира на масните клетки да лачат помалку кортизол кој е хормон на стресот и помага во согорувањето на масти при вежбањето.