Јогурт салата

Состојки:

500 гр. тестенини

150 гр. кашкавал

200 гр. шунка

2 - 3 варени моркови

15 кисели краставички

1 кисела црвена пиперка или печена црвена пиперка

1 - 1,5 л. јогурт

200 гр. Мајонез

Подготовка:

1. Во солена вода со малку масло сварете ги тестенините. Потоа измијте ги со ладна вода, додадете малку масло и промешајте. Оставете да  се изладат.

2. Кашкавалот, шунката, варените моркови, киселите краставички и пиперката иссечете ги на коцки и додадете ги во ладните тестенини.

3. Потоа додадете 1л. јогурт и мајонез па се добро промешајте за смесата да се соедини. Следниот ден, бидејќи тестенините ќе го  апсорбираат  јогуртот, ако салатата е сува додадете уште 1/2 л јогурт.

4. Салатта сервирајте ја во чинии, а одозгора по желба посипете малку рендан кашкавал.