Јога -  едноставна активност која ги подобрува помнењето и емоционалната интелигенција

Доколку уште не сте ги испробале бенефитите од редовното вежбање јога, научниците покажуваат зошто е таа добра за нас.

Голем дел од луѓето веќе знаат дека јогата е добра за умот и телото, но можеби не се свесни колку. Во едно од неодамнешните истражувања, истражувачите се обиделе да ги споредат резултатите од 11 различни студии во кои ги споредувале луѓето кои вежбаат јога и оние кои никогаш не вежбале. Нивната главна цел била да се провери влијанието на јогата на човековиот ум.

За почеток, тие ја мереле големината на хипокампусот, што е многу важно бидејќи тој помага кај помнењето особено додека старееме. Хипокампусот е и дел од мозокот кој е најпогоден кога се соочуваме со болести како деменција или Алцхајмерова болест. Истражувачите истакнуваат дека префронаталниот кортекс и мозочната мрежа стануваат поголеми кај луѓето кои редовно се занимаваат со оваа физичка активност. Според нив, дополнителни носиме и подобри одлуки развиваме вештини кои ни се потребни за планирањето и завршување на задачите

Причините поради кои јогата создава длабоко и стабилно дишење често се техниките кои се применуваат низ нејзината примена и кои дополнително добро влијааат на нашето физичко и ментално здравје. 

Важно е да се додаде дека јогата е одлична и за смирување на емоциите, односно ослободување од стресот.