Јелена Томашевиќ специјална гостинка на концертот на Саша Ковачевиќ

Една од најдобрите пејачки на овие простори, Јелена Томашевиќ Босилчиќ која е дел и од најпопуларното детско музичко шоу „Пинк ѕвездички“ ќе биде специјална гостинка на концертот на Саша Ковачевиќ во Скопје.

Имено, Јелена Томашевиќ во сабота (19 март) во најголемата сала за концерти во Македонија, „Вип Арена“ во склоп на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје заедно со популарниот Саша Ковачевиќ во еден глас ќе ги отпее најголемите балкански хитови.

„Име моје“, „Јутро“, „Кошава“ и евровизиската „Оро“ ќе бидат само дел од репертоарот на песни кои Томашевиќ ќе ги отпее пред македонската публика.

Поради огромниот интерес, организаторот на концертот „Балкан Медија“ потсетува дека вратите за влез во „Вип Арената“ ќе бидат отворени во 19 часот, а билети до завршување на количините можат да се набават на сите продажни места низ Македонија.