Јавноста во шок по свирепото убиство на тримесечно бебе од Скопје

Јавноста во шок по свирепото убиство на тримесечно бебе од Скопје од сопствениот татко. 

Настанот се случил ноќта меѓу 25 и 26 септември, кога 44-годишниот скопјанец, татко, бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, започнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото. 

Јавноста е згрозена од постапката на овој, како што го наредуваат на социјалните мрежи, нечовек. 

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На тој начин му нанел повеќе повреди кои предизвикале крварење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе починало, соопштија вчера од ОЈО од каде му одредија мерка притвор.