Јавноста во шок по деталите за убиството на младата Вања: Монструмот Палчо долго бил меѓу нас....

Јавноста во шок по вчерашните детали од судењето за убиството на младата Вања и велешанецот Панче. 

Велибор Манев, еден од обвинетите во убиството на Вања и Панче детално опиша како била убиена Ѓорчевска. Тој вели дека требало да киднапираат жена на возраст од околу 40 години, но наместо тоа по грешка ја киднапирале Вања. Манев исто така посочи дека Палчо испукал куршум во неа, и веднаш потоа ја закопале. 

Јавноста е згрозена од монстуозноста со кој бил изведен чинот од страна на Палчо и неговата екипа. 

- Психово беше во највисоки партиски тела, гостуваше по подкасти,имаше партија, и притоа никој ли не примети дека е психо?!?! Тој има дете, и безмилосрдно пукал во дете! - напиша пејачката Бојана Скендеровски. 

- За себе знам, а верувам и дека цела Македонија беше до срж потресена кога ја дознавме судбината на Вања Ѓорчевска. Денеска по вторпат го доживеав истото чувство!!! Длабока згрозеност, резигнираност, чувство на длабока жал... бес кој се обидувам да го потиснам и длабоко, длабоко неразбирање како е можно и каков човек треба да си да направиш такво нешто!!! Почивај во мир мило дете!

- Природна реакција на нормална личност е да чувствува одвратност кон зло, порача мсихологот Васка Митова. 

- Денеска после сведочењево на Манев ми се испреврти утробата од шок и неверување какви луѓе живеат меѓу нас. Монструми! Шетал меѓу нас, се промовираше на поткасти, направи партија, се закануваше на социјални медиуми на политичари, пишуваше за нивните деца, креираше јавно мислење за некоја група на луѓе. Тој човек - монструм ние како општество му “дозволивме” да живее без проблеми со години, напиша во фејсбук објава Татјана Лопарски.