Јавно обвинителство предлага притвор за 20-годишник кој сакал да запали албанското знаме

Основното јавно обвинителство Скопје известува дека е поведена постапка против 20-годишник поради сомнеж дека сторил кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“

„Осомничениот на 02.12.2024 година, во вечерните часови,се обидел да запали албанско национално знаме, при што бил забележан и спречен од полициски службеници кои го привеле. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, се вели во соопштението на обвинителството.