Основното јавно обвинителство информира дека Дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место на сообраќајна несреќа во која ноќеска околу полноќ животот го загуби 77-годишен велосипедист.
„Несреќата се случила на булеварот „Киро Глигоров“, во близина на железничкиот надвозник, кога автомобил „Мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 26-годишен возач, удрило во велосипедот. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место“, се вели во соопштението.
Од обвинителството додаваат дека се преземаат сите дејствија за испитување на причините за несреќата и евентуалната одговорност.
„Непосредно по настанот, кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, меѓутоа сепак се земени примероци од крв и урина за дополнителни анализи. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за обезбедување на евентуални снимки од видео надзор. При увидот на лице место беше вклучен и сообраќаен вештак, а автомобилот е испратен на вонреден технички преглед“, додаваат од обвинителството.