Јавниот превоз на Водици ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучоци на дел од линиите

Поради верскиот празник Богојавление – Водици, во понеделник, 19 јануари 2026 година, јавниот превоз во Скопје ќе функционира по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.

Исклучок од овој режим ќе бидат автобуски линии 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Од ЈСП соопштуваат дека на денот на Водици, во периодот од 7:00 до 14:00 часот, дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар, додека Жичницата нема да работи.

Воедно, од ЈСП потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови за Жичницата.