Драмскиот театар, Скопје, објави јавен повик за волонтери за театарскиот фестивал „РУТА“ Група Триглав.
Фестивалот ќе се реализира во Драмски театар, од 14 до 19 октомври.
Повисок се однесува за 6 дена волонтирање. Од Драмски информираа дека повикот за пријавување е отворен до 5.октомри 2022 година, за млади луѓе од 18 до 30 години.
„Волонтирањето е идеална можност за стекнување на практично искуство за организирање на настани во професионален и пријателски амбиент. Ангажманот се состои во работа околу подготовките и реализација на фестивалот РУТА:
-Пречек на учесниците, новинарите и гостите на фестивалот, нивна регистрација и сместување во хотел Карпош, работа во ПРЕСС центарот се неколкуте можни ангажмани што се понудени за нашите волонтери.
-Волонтирањето е идеална можност да се биде дел од организацијата на регионален фестивал во кој преку тимска работа ќе се стекнете со нови знаења, вештини и практично искуство при организирање и реализација на меѓународен театарски фестивал. - соопштуваат од Драмски.
Од волонтерите на РУТА Група Триглав се бара да се :
- Љубезни, насмеани, срдечни и гостопримливи
- Одговорни и посветени во извршувањето на задачите
- Ги почитуваат правилата, етичкиот кодекс, целите и вредностите на фестивалот РУТА
- Навремено и професионално ги исполнуваат превземените обврски
- Редовно присуатвуваат на состаноците на тимот
- Подготвени се за комуникација и соработка со организацискиот тим на Драмски театар.
Од Драмски информираат дека волонтерите по завршувањето на фестивалот ќе добијат симболичен надомест и благодарница за нивниот ангажман, која може да се искористи како референца за нивните понатамошни ангажмани.
-Придружете ни се, волонтирајте, учествувајте во организацијата на најголемиот театарски фестивал на почетокот на новата сезона. - повикуваат од Драмски театар-Скопје.