Јавен повик од општина Карпош: Заинтересираните фирми да се пријават за „Мој Карпош – Моја картичка“

 Општина Карпош објави Јавен повик за пријавување на правните лица (фирми и угостителски објекти) кои вршат дејност на територија на Општина Карпош, за учество во проектот „Мој Карпош – Моја картичка”.

Сите заинтересирани фирми (кафулиња, ресторани, ординации, книжари, авто сервсиси и сл.) треба да пополнат Барање за склучување на Меморандум за соработка, во кое ќе ја наведат својата дејност, процент на попуст и производи на кои попустот ќе се однесува, а подоцна ќе склучат и Меморандум за соработка со Општина Карпош.

По завршување на процесот на склучување на меморандуми, сите фирми навремено ќе бидат известени за почетокот на реализацијата на проектот.