Јавен повик: Финансирање програмски активности на бизнис инкубатори и центри за развој на иновации

Град Скопје, со цел имплементација на целите и активностите предвидени со Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Град Скопје за 2017 година, објави јавен повик за распределба на средствата од Буџетот на Град Скопје за 2017 година, наменети за кофинансирање на трошоците на бизнис инкубаторите и центрите за развој на иновации.

Предмет на јавниот повик е кофинансирање на трошоците на бизнис инкубаторите и центрите за развој на иновации, односно финансиска поддршка на проекти за:

- Организирање обуки

- Консултантски услуги

За кофинансирање на трошоците за проекти на бизнис инкубаторите и центрите за развој на иновации, предвидени се средства во вкупен износ од 400.000 денари.

Право на учество на повикот имаат здруженија на граѓани и фондации кои се регистрирани според Законот за здруженија и фондации (Службен весник на Република Македонија бр.52/10) за цели поврзани со политиките за поддршка и развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и на средните претпријатија.

Секој подносител може да учествува на јавниот повик само со еден проект.

Потребни документи за пријавување:

- Компјутерски пополнета Пријава за финансиска поддршка;

- Компјутерски пополнет Образец за предлог – проект;

- Решение за регистрација и тековна состојба од Централен регистар;

- Изјава дека за активностите наведени во проектот досега не користеле средства од друг орган на државна управа или други извори на средства, што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори;

- Извештај за добиените средства од Буџетот на Град Скопје во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација (доколку организацијата била корисник на средства доделени од Буџетот на Град Скопје за 2016 година).

Горенаведената документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копии заверени на нотар.

Обрасците Пријава и Проект за пријавување на јавниот повик, подносителите можат да ги подигнат на интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk .

Оценување на проектите ќе се врши врз основа на следниве критериуми:

Пријавите за кофинансирање и избор на најповолни предлог проекти ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Град Скопје.

Град Скопје го задржува правото за следење на реализација на проектите.

Проектите кои ќе бидат кофинансирани ќе се реализираат во текот на 2017 година.

Пријавите со комплетната документација потребно е да се достават во архивата на Град Скопје, бул. „Илинден” бр.82 Скопје, Сектор за локален економски развој, од 08.30 до 15.00 часот, со назнака „Јавен повик за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2017 година, наменети за финансирање на програмски активности на бизнис инкубатори и центри за развој на иновации“

Пријавите се доставуваат во затворен и запечатен плик, без означување на субјектот кој ја поднесува пријавата, во рок од 15 дена од денот на објавувањето во дневниот печат. Повикот е објавен на 06.04.2017 година во дневните весници Дневник, Вечер и Лајм.

Пријавите со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Доставените прилози не се враќаат

Здруженијата на граѓани или фондации учеснички на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите во рок од 15 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средствата од Буџетот на Град Скопје за 2017 година.

Прашања за појаснување може да се постават писмено или по електронски пат до Секторот за локален економски развој на адреса danielak@skopje.gov.mk.

Контакт Секторот за локален економски развој Телефон (02) 3297-328.