Бурни реакции на социјалните мрежи за случајот со 23-годишникот А.А. од Крива Паланка за малтретирањето на куче на автопатот во градот.
Иако јавно се извини, а инаку и кривично ќе се гони за кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, јавноста со остри осуди бара ригорозна казна за стореното.
Повеќето велат дека не веруваат во неговата „приказна“ дека кучето само излегло од возилото додека била гласна музиката во автомобилот, а тој не можел да го запре возилото бидејќи возел на автопат.
Момчето се соочува со јавен линч поради стореното, закани по живот на социјалните мрежи, па се до степен да се бара затворска казна.
„Дали ако утре превезува деца, детето само скокне низ прозорец ќе настане несреќа“ - се реагира во коментарите на социјалните мрежи.
- Да престанеме да ги релативизираме монструозните постапки на ваквите нелуѓе! Секогаш за секого има некакво оправдување, ама невини души страдаат од вакви нелуѓe.
- Нека се извини на самиот себе што си дозволил да стори мачење на невино животно и нека го моли Господ да му прости што има направено, народот нема да прости! Правда за животните мора да има!
- Како избегало од возилото кога се гледа дека беше врзано, кој го врзал, самото да не се врзало?
-На ваков треба и постапка за одземање на децата ако ги има. Не е чешит за да располага со туѓи животи.
- Затворска казна или да плати 3000 евра, можеби тогаш и другите ќе сфатат како со животни!
- Доста пишувате само безпотребни коментари на секој може да му се случи, и на самото видео се гледа дека дава десен жмигавец да застане на тротоар десно.. Зошто снимателот тогаш прекинал да снима кога застанало детето?
Од неговото семејство велат дека добивал заканувачки пораки на социјалните мрежи.
Активистите за заштита на животните повторно ја нагласија потребата за заштита на невините животни, па така повторно гласно и јасно се прати пораката дека луѓето кои не се добри кон животните, никогаш нема да бидат добри ни кон луѓето.