Јас вредам, јас сум важна, јас постојам!

Поголемиот дел од мојот живот се трудев да им угодам на другите, да не ги повредам. Фина и пристојна девојка. Поголемиот дел од својот живот се трудев да бидам помалку чувствителна, да не ги покажувам солзите пред секоја неправда која ми е нанесена.

Се грижев за другите и сакам некој друг да се грижи за мене. Сакав луѓето да ме сакаат. Сакав некој да ме посакува. Сакав да ме прифатат.

Поголемиот дел од својот живот не бев среќна. Постојано се жртвував себеси. Давав сѐ од себе да ги усреќам другите, а јас бев таа која пати. Никој не го гледаше тоа. Уморна сум... Уморна од желбата да бидам туѓа идеја за добрината кај луѓето. Уморна сум од удоволувања, од правдања... Уморна сум. Доста ми е веќе од сѐ!

Ова сум јас!

Јас вредам, јас сум важна, јас постојам! Моите мисли се важни. Моите чувства се важни. Моите зборови се тука, слушнете ги, слушнете ја мојата вистина. И ако вас ова ве лути и ви прави да се чувствувате непријатно, јас се бирам себеси и својата вистина. Одете си ако ве е непријатно покрај мене. Одете си, затоа што јас ги избирам своите чувства и себеси. Одете си, олеснете ми...

Ова сум јас!

Мислам онака како што мислам, изгледам онака како што изгледам, го чувствувам она што го чувствувам, сакам онака како што сакам. Тоа сум јас, целосна, а не дел до вашиот шаблон кој сте го замислиле за мене.

Повеќе никој нема да меменува, само затоа што не одговарам на неговата идеја за мене. Ако треба да се променам, јас ќе ја донесам таа одлука, јас ќе се променам онака како што јас сакам.

Или прифатете ме или продолжете понатаму. Земете или оставете – нема трето. Нема повеќе да живеам со пола срце. Кога сум лута, ќе го покажам тоа. И понатаму ќе бидам внимателна и чувствителна кон другите, но нема повеќе секому да ја давам мојата душа. Мојата среќа сега е на прво место.

Искрена сум, ќе се смејам, ќе плачам, ќе пејам, ќе сакам... Ќе го избирам она што мене ми е важно. Она што е добро за вас, не е добро и за мене. Избирам да живеам среќна. Сите ние имаме право на избор. Јас се избрав себеси.