Јас сум доктор, а ова се сигурни симптоми дека вие имате Covid 19

Во декември 2019 година, првиот случај на мистериозниот вирус беше октриен во Вухан.  Првично беше познат како вирус SARS – CO – V- 2.  Подоцна, истиот вирус беше официјално именуван како Коронавирус 2019 или пак скратено Covid 19.  И веќе 10 месеци е тоа така.

Светската здравствена организација до сега потврди повеќе од 30 милиони случаи на Covid 19 во светот. Ние живееме во глобална пандемија која ги смени нашите животи како што никогаш претходно не сме размислувале. 

Во продолжение следат најновите информации за коронавирусот, неговите симптоми кај возрасните и што можете да направите за да ги ублажите истите.

Кои се најчестите симптоми на Covid 19?

Потребни се околу пет дена откако сте биле изложени на вирусот за да се појават симптомите. Околу 97,5% од луѓето кои развиваат симптоми го прават тоа во рок од 11,5 дена.

Во текот на изминатите десет месеци беа собрани статистички податоци за видот и зачестеноста на симптомите на КОВИД. На самиот почеток, ни беше речено да внимаваме на сува кашлица и треска, но поновите информации укажуваат дека други симптоми може да бидат уште почести. Неодамнешната европска студија спроведена на 1.420 пациенти примени во 18 болници низ Европа, објави симптоми на КОВИД по следниот редослед на фреквенција:

  • Главоболка 70.3%
  • Губење на чувство за мирис 70.2%
  • Назална обструкција 67.8%
  • Кашлица 63.2%
  • Слабост 63.3%
  • Мусклулни болки 65.2%
  • Течење на носот 61.1%
  • Губење на апетит 54.2%
  • Болки во грлото 52.9%
  • Треска 45.4%

Интересно, групите на симптоми се разликувале според возраста и полот. Помладите пациенти почесто имале симптоми на уво, нос и грло.Постарите пациенти почесто имаа треска, губење на апетит и замор.Губење на мирис, замор, главоболка и назална опструкција беа почести кај жените.

Во друга неодамнешна публикација во BMJ, авторите проучувале 20.133 пациенти хоспитализирани со COVID-19. Откриле дека симптомите се појавуваат во групи: респираторен кластер (кашлица, отежнато дишење, спутум и треска), мускулно-скелетен кластер (болки во зглобовите, главоболка и замор) и гастроинтестинален кластер (абдоминална болка, дијареја и повраќање). 

Колку често се случува пациентите да се асимпоматски?

Многу пациенти кои се заразуваат со КОВИД-19 не доживуваат никакви симптоми. Но, колку е вообичаено тоа? Во април, Центарот за медицина базирана на докази се обиде да одговори на ова прашање. Тие ги табелираа резултатите од различни извори и заклучија

5% - 80% од пациентите со КОВИД се асимптоматски

Некои асимптоматски случаи ќе продолжат да развиваат симптоми

Децата и младите возрасни често немаат никакви симптоми

NBC News извести за студија спроведена на 217 лица на крстаречки брод што патувал од Австралија до Антарктикот. Таму, 59% биле позитивни на КОВИД-19, но само 19% имале какви било симптоми. Цели 81% биле асимптоматски.