Јас се променив и повеќе не им дозволувам на луѓето да ме искористуваат

Јас повеќе не сум онаа жена која порано сте ја познавале. Повеќе не се превртувам на глава за да ги направам другите среќни. Нема да правам сѐ за луѓе кои не можат ни да ме прашаат како сум. Нема да вложам труд доколку и другата страна не го прави тоа. Порано бев личност која се возбудуваше кога некој ќе направи нешто, макар и најситно, само за да ми покаже дека се грижи за мене или дека ми е благодарен за некоја работа. 

Но, јас повеќе не сум таа жена. Јас многу се променив и пораснав од нашата последна средба. Бев наивна и невина. Им верував на луѓето со цело срце. Бев личност која го гледаше само доброто во луѓето и нивниот скриен потенцијал. Секогаш верував дека луѓето се многу подобри отколку што навистина се и тоа ми донесе само болка и разочарување. 

Јас си ја научив мојата лекција. Потребни беа многу години, години во кои толку често ме лажеа, манипулираа, изневеруваа, повредуваа, што конечно сфатив дека само јас сум одговорна за својата несреќа, затоа што им дозволувам на другите така да се однесуваат со мене. Не ги гледам тие работи како нешто лошо, барем не повеќе. Тагата и разочарувањата низ кои поминав ме претворија во жената која сум денес. Денес сум силна и самоуверена, верувам во себе и во своите способности. Повеќе не сум мека. Никогаш повеќе нема да дозволам некој да ме искористува. Никогаш повеќе нема да дозволам да ме третираат како последна дупка на флејтата. 

Никогаш повеќе нема да дозволам да ме влечат за нос и да дозволам луѓето да имаат чувство дека можат сосема слободно да ми влегуваат и да ми излегуваат од животот, баш како што нив ќе им падне на памет. Никогаш повеќе нема да ги спуштам моите стандарди и очекувања поради некој, без оглед на тоа колку ми значи таа личност.

Не се одговарам инстантно на повиците на луѓе на кои им е потребна една недела за да ми вратат на порака. Не оставам време за луѓе кои постојано ми откажуваат и не го почитуваат моето време. Никогаш нема да се обидам да усреќам некој кој не се потрудил да ме усреќи мене.

Моите чувства се важни. Јас сум важна. Никој повеќе нема да ја искористи мојата добрина, затоа што повеќе не го дозволувам тоа. Конечно дојдов до точка во животот кога исфрлам сѐ што е отровно во мојот живот. 

Можеби ќе речат дека сум кучка, ама баш ми е гајле. Знам колку вредам. Знам што заслужувам и како сакам другите да се однесуваат со мене и никогаш повеќе нема да се согласам на нешто помалку.