Јас работам како келнер, а факултетската диплома виси дома закачена на ѕид!

Многу Македонци, домовите си ги имаат разубавено, со закачени факултетски дипломи на ѕид. На некои им се вклопуваат во енетриерот, на некои не, но сепак на многу од нив местото им е таму.

Завршуваш средно образование и со надеж дека еден ден ќе имаш подобра иднина, запишуваш факултет. Учиш, се мачиш. Со ноќи не спиеш, се расправаш со професори, со колоквиуми, тестови и задачи. Ти се жртвата, но со надеж дека еден ден ќе се исплати сето тоа.

Секој чест, за они кои веднаш наоѓаат работа и работат според она што учеле, имаат добра плата и нормални услови. Но, сепак во Македонија поголем број е таквите кои мака мачат со наоѓање на било каква работа.

Филип, е дипломиран правник. Нема работа во струката, но има работа како келнер. И тоа е професија вели тој. И таму можеш да заработуваш за да преживееш. Но, не се работи цел живот тоа.

Тој е вреден и не се жали. Се надева дека еден ден ќе биде правник. Кога ќе се погледне во огледало се гледа како адвокат, но во некои подобри времиња.

-Иста како мојата судбина ја имаат многу млади во Македонија. Некои седат дома и чекаат работа, според струката, некој работи што ќе стигне. Не осудувам никого. Секој си знае за себе. Јас не сум од они кои можат да седат дома. Морам да чепкам нешто. А факултетската диплома, за жал, веќе шест години ми виси дома во дневната на ѕид закачена. Направена и ставена во убава стаклена рамка. Се надевам еден ден ќе ја извадам од таа рамка, со горчлива насмевка раскажува Филип.

Неколку пати тој до сега наоѓал работа како правник, но за многу бедни пари.

-Знам ќе работам во струката, но, не за бедни пари. Во келнерството во Скопје има повеќе пари, отколку во правото, вели тој.

Филип не се откажува. Тој е ведро и младо момче. Иднината ја гледа во Македонија, но и се надева дека Македонија гледа иднина во него.