Јас повеќе не трчам по среќата, сега среќата трча по мене

Имаше моменти кога барав среќа, а среќата ја немаше никаде!

Секоја врата која се обидував да ја отворам и да пројдам низ неа, на самиот обид да влезам се затвораше пред моите очи.

И тогаш се сетив на старата народна изрека: „Кога врата се затвора, се отвора прозорецот“. Но, немаше трага ниту од тој фамозен прозорец.

И бев несреќна.

Многу несреќна.

Се прашував зошто сум родена под толку несреќна ѕвезда.

Дури откако спознав дека јас сум Љубов, среќата почна да се јавува.

Се јавуваше во природата околу мене, во животните, луѓето... се јавуваше во креативноста и идеите.

И одеднаш, чуда почнаа да се случуваат!

Јас повеќе не трчам по среќата, сега среќата трча по мене!

И си реков самата на себе:

„Јас сепак сум родена под среќна ѕвезда! Мојата ѕвезда се вика ЉУБОВ!“