Јас не верувам во „модерната“ љубов

Премногу сум зрела за да играм игри. Нема да те молам за внимание, нема да те убедувам дека јас сум подобра од останатите. Ако се двоумиш меѓу мене и некоја друга, слободно одбери ја таа. Не сакам да ти бидам некаква резерва. 

Премногу сум зрела за да чекам за да ја сфатиш мојата вредност. Немам проблема со бавно прифаќање на работите, ниту пак морам веднаш да ги запознаам твоите родители и да се вселам во твојот стан. Но, имам проблем кога комуникацијата е сведена само на пораки. Имам проблем кога нашиот однос со недели нема никаква дефиниција. Имам проблеми со сомнежи и неодлучност. Нема да играм игри. Ако се обидеш да играш грубо и да кокетираш со други, тогаш ќе претпоставам дека не си заинтересиран и ќе продолжам понатаму. 

Премногу сум зрела за да се преправам. Ако ми кажеш нешто што ме збунува, нема останам будна цела вечер за да анализирам што си сакал да кажеш. Ако се однесуваш непристојно, нема да молчам. Јас ќе зборувам, ќе ти кажам што чувствувам наместо да ги кријам чувствата. Нема да ги избришам своите чувства за ти да се чувствуваш подобро. Тоа не е мој стил. Нема да вложам енергија во тебе ако ти не си сигурен дали има иднина за нас.

Јас знам што сакам и дел од она што го сакам е посветеност. Јас не сум личност на која ѝ е непријатно да биде сама. Добро ми е сама и не мислам дека би била посреќна во врска. Ако запознаам некој со кого имам фин однос, ќе го прифатам тоа. Но, сѐ додека не запознаам таков човек, ќе останам сама. Доста ми е од луѓе кои ловат во матно и кажуваат лаги само за да  добијат нешто привремено. Јас не сум родена за модерна љубов и не ми е жал!