Јапонско јаболко – чувар на имунитетот и здравјето на срцето

Јапонското јаболко е слатко-кисело овошје кое е богато со многу хранливи состојки.

Photo by Vanessa Loring

Неговата боја некогаш варира од светло жолта, до портокалова, па сè до темно црвена. 

Зошто е толку моќно ова овошје?

Превенција против рак

Ова овошје е богато со антиоксиданти како и витамините А, Ц и К, кои го штитат организмот од оксидативниот стрес кој помага во одбрана од различни заболувања, како што се хроничните болести и некои видови рак.

Подобро варење

Јапонското јаболко е богато со природни влакна кои придонесуваат за подобро варење на храната и нормално функционирање на дигестивниот тракт. Тие ја поттикнуваат и работата на цревата што придонесува и за исфрлање на токсините од нашето тело.

Добар вид

Ова овошје е богато и со зеаксантин, кој е познат како витамин за очите. Тоа значи дека го штити нашиот вид, особено од оние заболувања кои се почести кај повозрасните личности како што се катаракта и макуларна дегенерација.

Здравје на срцето

Некои истражувања покажуваат дека јапонското јаболко е многу поздраво од нормалните јаболка, бидејќи содржи повеќе природни влакна, минерали и фенолни соединенија. Така, тоа го штити и нашето срце.

Одличен имунитет

Еден плод од ова овошје содржи 12.6 мг витамин Ц,што е 21% од дневно препорачаната доза од овој витамин. Тоа помага во јакнење на имунолошкиот систем, го штити организмот од инфекции и го намалува влијанието на слободните радикали.