Јапонски чизкејк со само 4 состојки

За разлика од другите десерти кои бараат повеќе состојки и напор за припремање, ова е едноставен и вкусен чизкејк кој едноставно се топи во устата.

Потребни состојки:

300 гр. бела чоколада

7 јајца

7 лажици шеќер

200 гр. крем сирење

Начин на подготовка:

1) Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте го тавчето со зејтин а на него поставете хартија за печење.

2) Ставете ја чоколадата и крем сирењето во сад, кој ќе го ставите во сад на оган во кој има малку вода која треба да проврие за да ги стопи сирењето и чоколадата. Мешајте додека смесата не се истопи убаво.

3) Остранете го садот од оган и оставете да отстои околу 10 минути, а потоа додадете ги жолчките од јајцата.

4) Во посебен сад убаво изматете ги белките, на крајот додавајќи го шеќерот.

5) Додадете ја смесата со белата чоколада во белките и убаво измешајте.

6) Ставете ја смесата во сад за печење и печете околу 40 мин.

7) Одозгора можете да ставите матена павлака, овошје и шеќер во прав.