Јапонска техника која ќе ви помогне да се ослободите од стресот

Сетете се на чувството кое го имате додека минувате време во природа, окружени со многу дрвја.

Длабоко вдишете и издишете и почувствувајте природата околу вас. Почувствувајте ги лисјата под вашите нозе и тишината околу вас.

Една од најпознатите јапонски техники го вклучува токму ова -  да се биде присутен во природа, но и да се набљудува како нашето тело и нашиот ум реагираат на тоа. Многу истражувања покажуваат дека на овој начин се намалува лачењето на кортизол, хормонот на стрес во нашето тело.

Техниката со име hinrin-yoku во превод значи капење во шума, но не вклучува никакво капење. Тоа значи само нурнување во сензорната атмосфера на дрвјата за да се подобри нашата благосостојба и да се смири умот. Ова е моќна терапија која е бесплатна, а ја имаме насекаде околу нас. 

Да не се прави ништо во природата, освен тоа да се биде присутен нуди многу позитивни ефекти за нашето ментално и физичко здравје. Тоа ни помага да постигнеме задоволство, да се ослободиме од циклусот на лоши мисли, да го подобриме нашето ментално здравје и да дишеме длабоко. Освен тоа, помага позитивно за нашата концентрација и фокус.

Убавиот мирис на дрвјата и звукот од птиците и дрвјата ни помагаат да заборавиме на брзото живеење и секојдневните проблеми и служат како медитациска прошетка. Така, се будат и сите наши сетила во телото и умот. 

Практикувајте ја оваа јапонска техника за време на есента, особено во перидот на физичко дистанцирање од луѓето. Таа е особено корисна за време на викендот, кога сме послободни од обврските и кога имаме можност да избегаме од работата и брзото живеење.