Јанушев: Проширување на позитивната листа на лекови и здравство без рецепти

Носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 3 Игор Јанушев најавува проширување на позитивната листа на лекови и здравство без рецепти.

Квалитетот на здравството е клучен за секоја нација. Државата е таа која треба да овозможи европски услови за работа на лекарите и европско ниво на услуги на пациентите. Се обврзуваме на:

– Реконструкција и модернизација на општата болница во Велес;
– Изградба на клинички центар во Штип;
– Зајакнување на системот на трансплантација на органи;
– Се укинуваат рецептите, услуга со лична карта;
– Проширување на позитивната листа на лекови.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ