Јанкуловски со ведар совет: И покрај се не смееме да ја изгубиме насмевката

Познатиот медицински работник Денис Јанкуловски, кој во текот на пандемијата, ја бодреше јавноста со ведри пораки и оптимистички совети, овој пат со совет повеќе да се смееме, иако времињата не се баш смешни.

-Во овие тмурни, тешки од секој аспект времиња она што многу недостасува а го гледам речиси секојдневно тоа е токму тој лек - насмевката. Да, секој од нас има денови кога не му е до смеа, гледајќи се' што се случува, за жал болката и грдите работи некако надвиснаа со години, децении и пак за жал и во наредниве години личи дека е во тој правец, не е едноставно. Не' изморија овие години полни со премногу терет на нашиот грб. Како да сме сардисани од сите страни и полустрани. Уморни сме. Но и покрај се не смееме да ја изгубиме насмевката, а таа се гледа и препознава па макар била и позади маска, пишува тој. 

-Насмевнете се прво самите, онака без врска, ќе видите дека одма ќе е подруго. Па насмевнете се на некој близу до вас, "заразете" го со таков вирус. Насмевнете се и на некој случаен минувач, кога и' плаќате на касиерката која од 7 саат стои, измамете и' ја насмевката која ја има негде скриена.

Тој советува да не дозволувате никому и ништо да ви ја одземе оваа убавина, ова богатство кое секој од нас го има.

-Што повеќе насмевки затоа што тоа значи убавина. И љубовта е убавина. И гуш и бац е убавина.Истовремено ширете, множете и делете насмевки и љубов. И смејте се барем 2-3 пати во денот. Бидете нечија убавина, гласи неговиот едноставен совет кој е толку многу добредојден во ова време-невреме.