Јанкуловска во ексклузивно интервју за „Мој збор“: Додека бев во затвор двегодишниот син ми беше постојано во мислите, не можам да ја простам неправдата

Поранешна министерка за внатрешни работи, во исповед за Мој збор, детално зборува за периодот во кој, како што вели, „судењето најпрво се случи надвор од судот“, за политичкиот и медиумски амбиент што претходеше на судската пресуда за неа, но и за личната цена што ја плати таа и нејзиното семејство.

Јанкуловска отворено говори за затворските денови поминати во КПУ Идризово, за условите и за институционално утврдената дискриминација, но и за внатрешната борба да се зачува достоинството, разумот и човечноста во околности кои, според неа, не смеат да му се случат на ниту еден човек. 

-Тоа беа години кои најверојатно ќе ги запамтам како најтешки во мојот живот. Сѐ уште не можам да ги најдам зборовите кои објективно ќе го прикажат амбиентот во кој се најдов. Беа тоа субстандардни услови во какви што не заслужува да живее ниту едно човечко суштество, но тоа не беше најлошото. Најтешко ми паѓаше разделеноста од семејството и неможноста да имаме барем нормална комуникација и контакти, онака како што законот им гарантира на сите осудени во иста правна положба, а мене и на останатите жени не ни беше овозможена, вели Јанкуловска во интервјуто. 

- Но, никогаш не се помирив со тоа, се борев законот да се применува подеднакво за сите и настојував достоинствено да се однесувам без оглед на околноститеамбиентот во кој се наоѓам. Во мојата битка ми помогна мирната совест и желбата да се изборам со сите неправди со кои се соочив, додава таа. 

Вели дека не дозволувала негативното опкружување да ја промени.

- Домашното воспитување го стекнуваме од најрана возраст и го носиме секаде со нас. Без разлика каде и со кого сум, настојувам да ги почитувам вредностите во духот на кои ме воспитале моите родители. Да се биде добронамерен, пристоен и да се понуди помош ако на некого му е потребна не бара никаков напор, наведува Јанкуловска во интервјуто кое во целост може да се прочита на следниов ЛИНК.