Јанкулоска за Јанакиески: По 5 години, ништо не може да го надомести неповратно изгубеното време

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со став за својот поранешен колега од Владата и сопартиец Миле Јанакиески откако денеска беше објавено дека Европскиот суд за човекови права утврдил дека на ексминистерот за транспорт незаконски му бил продолжуван домашниот притвор

- На денешен ден на Миле Јанакиески за прв пат му беше определен притвор. Токму денес, после цели 5 години Европскиот суд за човекови права објави одлука со која утврдил дека постои повреда на правото на слобода на Миле Јанакиески затоа што не постоеле доволни причини за неговото лишување од слобода. Оваа одлука значи морална сатисфакција за Миле, но ништо не може да го надомести неповратно изгубеното време, напиша Јанкуловска на својот фејсбук профил споделувајќи фотографија од семејството на Миле Јанакиески. 

Инаку, на почетокот на месецов, по три години и еден месец Јанкулоска, излезе од затворот „Идризово“.