Јаневска за проблемот во ОУ „Панајот Гиновски“: Предлагам едноставна мерка која се вика дератизација

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во врска со појавата на глувци во основното училиште „Панајот Гиновски“ во скопски Бутел вели дека предлага многу едноставна мерка кој е едноставна и се вика дератизација. Министерката посочи дека ќе контактира со директорката и ќе се информира што е преземено да се надмине проблемот.

„Јас предлагам една многу едноставна мерка која се вика дератизација, а потоа и еколошка акција во училиштето. Веќе ја примивме информацијата, пред сè од медиумите, ја следиме состојбата и преземеме соодветни чекори понатаму. Соработката е неопходна со сите институции со кои училиштето е поврзано. Директорите се поставени за да ја организираат наставата, но и сите други активности на училиштата“, рече Јаневска.

Според сведоштва на родителите, глувци биле забележани не само околу училиштето, туку и во неговата внатрешност.