
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во дневникот на Сител информираше дека со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура веќе разговарала за можностите за унапредување на статусот на наставниците и за обезбедување на повисоки плати. Јаневска посочи дека е уверена дека ќе се направат максимално напори да се овоможи платите да растат. Таа кажа дека во моментов МОН ги консултира наставниците дали да има само електронски дневник или да се врати хартиениот од идната учебна година.
„Пред неколку дена заврши проектот за изготвување нов електронски дневник и тој сега е на располагање на МОН. Разбрав дека истиот има добра заштита, за да не може да се бришат оценки и изостаноци. Но ние спроведуваме анкета меѓу наставниците дали сакаат само електронски или и хартиен дневник. Како ќе се изјаснат така и ќе постапиме, но мое мислење е дека сепак, треба да има и некоја скратена, печатена форма на дневник за евиденција“, рече Јаневска.