Јанева дала налог да се истражат „бомбите“ на „Ел Чако“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека дала налог да се истражат „бомбите“ што беа објавени деновиве на Фејбук профилот „Ел Чеко“, просочувајќи дека нема информации од каде се обезбедени.

– Дадов налог да се истражат „бомбите“ и по хард дискот да се утврди времетраењето, па да се идентификува со тие разговори, рече Јанева пред Петтата сесија на работната група 3 од Правосудство и основни права – Поглавје 23 од Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија што се одржува во Клубот на пратениците.

Јанева истакна дека информатичарите ги анализираат „бомбите“ од кои поголем дел се на албански јазик и треба да се преведат.

На прашање дали се работи за истите „бомби“ шти ги поседува СЈО, Јанева рече дека дел од нив ги има. Додаде дека не може да гарантира дали бомбите се од СЈО затоа што во овој момент, како што рече, тоа се истражува.