Јане Мицевски за Сопиште, Ерџан Демир за Шуто Оризари - За Кисела Вода ВМРО ДПМНЕ уште нема кандидат за гардоначалник

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчера одржаната редовна седница избра уште 16 кандадати за градоначалници за претстојните локални избори, чиј круг ќе се одржи на 19. октомври. 

Меѓу нив, кандидати за скопските општини Сопиште и Шуто Оризари се Јане Мицевски и Ерџан Демир.

- Сопиште е наш заеднички дом. Верувам дека заедно, обединети, ќе обезбедиме силна победа за нашето Сопиште и ќе ја испишеме новата страница на развој и напредок. Продолжуваме за уште поубаво и посилно Сопиште, објави Мицевски. 

За Кисела Вода, како што рече генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, се уште траат анкетите и во најбрзо време ќе биде одлучено кој ќе биде кандидат.

„Во Куманово и Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалицискиот партнер ЗНАМ. Убедени сме во способноста на секој избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите област и сектори на работа. Секој кандидат е почитуван како индивидуа во населеното место од кое доаѓа. Важат за искрени, честити и работливи луѓе кои си го одржуваат дадениот збор и кои ќе бидат вистински татковци на градот, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски по седницата на Извршниот комитет.