JAMES ZABIELA и ÂME на GREEN BEACH FESTIVAL

GREEN BEACH FESTIVAL, грандиозниот фестивал на електронската музика и годинава е подготвен да ги пречека илјадниците фанови желни за незаборавна забава со врвните светски диџеи на брегот на плажата Парк во Охрид. 

Во организација на Password Production и Octopussy Entertainment, седмото издание на Green Beach Festival ќе се одржува два дена и со повеќе светски етаблирани артисти кои покрај претставниците на домашната електронска музичка сцена ќе ја предводат програмата на 30 и 31 јули.

Првиот светски познат гостин кој го потврди својот настап на 30 јули на Green Beach Festival е виртуoзот зад диџеј пултот и технички ненадминливиот англиски диџеј и продуцент JAMES ZABIELA. Вториот ден на фестивалот пак, во недела (31 јули) меѓу предводниците се запишуваат и ÂME – најпопуларниот германски проект кој ги освои светските подиуми со својата неприкосновена музичка продукција.

JAMES ZABIELA неуморно ги поместува границите на пуштањето музика со секој свој сет, а неговиот уникатен стил на презентирање на музика ќе имате можност да го слушнете на големата бина на Green Beach Festival. Неговата приказна во електронската музичка сцена започнува во 2000 година, кога на натпреварот Bedroom Bedlam организран од страна на магазинот Muzik, го освојува првото место користејќи го својот неприкосновен талент зад грамофоните. Како уникатен артист и концепт на пуштање музика тој го наоѓа своето место во агенцијата на светски познатиот диџеј и продуцент Sasha, каде што е до ден денес. Неговата стручност и вештини зад пултот му овозможуваат блиска соработка со најпознатиот бренд во електронската музичка сцена Pioneer. Со помош на неговите атрибути James  Zabiela е заштитно лице на Pioneer, и ги тестира и презентира најновите технолошките достигнувања во диџејската опрема. Низ неговата густа агенда за 2016 година, која се простираше дури низ 5 континети од светот, успеавме да украдеме термин за да го донесеме ексклузивно на седмото издание на Green Beach Festival. 

Билетите за Green Beach Festival со најповолните цени ќе бидат достапни во претпродажба веќе од петок (8 јули), а цените и сите дополнителни информации ќе бидат објавени утре.