„Jакиот маж се смеел кога му го читале обвинението...се надевам судот ќе процени максимална казна“ - Ина распали по насилникот Стојанче

Денеска започна судењето за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која на 2. март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка. 

Овој случај целиот месец ја бранува македонската јавност поради начинот на кој дошло до трагичниот настан, за тоа како Стојанче се однесувал кон својата сопруга, но и како постапувале надлежните органи.

Со свој коментар по повод почетокот на судењето, излезе и познатата инфлуенсерка Ина Многуфина, вели дека се надева дека судот ќе процени максимална казна за Стојанче .

„Почна судењето на Стојанче, јакиот маж. Стојанче и се обраќал на Ивана со "ку*во" пред заканите од типот "ништо не ми можеш, ќе те уништам, ќе ти го земам детето, ќе видиш ти..." и останати зборови од неговиот евидентно богат вокабулар со закани. Стојанче, јакиот маж, денес се смеел кога му го читале обвинението. Нешто му било смешно на човекот, можеби забавно, не знам, никој не сфаќа што е смешно во ситуацијава. Стојанче, јакиот маж, пробува да ја виктимизира жртвата, очекувано. Стојанче, јакиот маж што еден ден станал и решил да се мафијаши па наредил кривични и мислел дека никој ништо не му може, откако се смеел во судница кога му го читале обвинението, фатил да плаче. Веројатно му има светнато дека може да јаде дваефче ладно. Реално сите тие јаки кои се силат на жени пред авторитет си плачат пошо они само на жени можат да се силат. Судија на процесот е еден кој е познат по давање сериозни казни и неколку доживотни. Се надевам и овде ќе процени за максимална казна па Стојанче јакиот маж ќе има доволно време да си поплаче во затвор и да им раскажува на екипата внатре дека никој ништо не му може“, напиша Ина во објавата на Фејсбук.