Јакимовски пред судија, вечерта ја помина во полициската станица

Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, за околу еден час ќе биде изнесен пред судија во кривичниот суд откако ноќта ја помина во полициската станица во Кисела Вода.

Денеска судот треба да одлучи какви мерки на претпазливост ќе изрече за ексградоначалникот.

Јакимовски беше приведен синоќа по претрес во двата дома, што траеше повеќе од 4 часа. Претресот беше извршен по налог на финансиската полиција, која се сомнева дека ексградоначалникот направил злоутреби во однос на три тендери, од кои два за општинските бараки, а еден за плоштад во Жданец. Јакимовски изјави дека пресудата веќе му е напишана и тврди дека е невин.