Јакимовски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Карпош

Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ и поранешен долгогодишен градоначалник на Карпош, ќе биде кандидат и на претстојните локални избори, во обид да се врати на градоначалничкото место во оваа скопска општина.

Од ГРОМ потврдуваат за „360 степени“ дека одлуката за кандидирање на Јакимовски е веќе донесена, иако не е сè уште официјализирана. Се очекува Јакимовски да биде кандидат на ГРОМ, наспроти кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на Левица.

ГРОМ планира да има и своја листа на советници во Карпош, како логистика во кампањата на Јакимовски, како што беше случај и на минатите локални избори во 2017 година. Тогаш Јакимовски, од позиција на актуелен градоначалник, ја изгуби битката од Стефан Богоев од СДСМ, иако ВМРО-ДПМНЕ немаше кандидат за градоначалник во Карпош.