Јајцата се уште ја држат старата цена, но се качува цената на јагнешкото месо

Секој Велигден една иста приказна. Цената на производите знае да се зголеми и тоа за дупло.

На десеттина дена пред Велигден, цената на јајцата се уште е онаа истата, но останува да видиме дали ќе се зголеми. Но, ова не е пример и со цената на јагнешкото месо. Тоа се продаваше по цена од 300 до 330 денари по килограм, а сега цената е од 330 до 360 денари.

Според понудата на пазарот и во маркетите, една табла јајца се продава по цена од 150 до 220 денари во зависност од класата.

Од месарници велат дека и покрај цената, интересот за јагнешко месо оваа година бил на задоволително ниво, а до Велигден очекуваат уште поголема побарувачака.

Освен јагнешкото и јајцата, домаќинките деновиве набавуваат и бои за јајца, чии цени се движат 10 до 30 денари по пакување. Освен обичните, се нудат и бои со кристали и бисерен сјај кои се движат од 70 до 80 денари. Исто така голем е изборот и на сликички и украси за јајца кои се продаваат по различни цени. Како неизоставен дел од празникот се и Велигденските прекривки, кошнички и керамички украси со велигденски мотиви кои се нудат по најразлични цени во зависност од големината.