Јајца и јагнешко за Велигден, но по која цена?

Веќе почнаа подготовките за претстојниот Велигден. Некој со богата, некој со поскромна трпеза ќе го пречека овој најголем христијански празни. Едно е сигурно, сигурно ќе има бојадисани јајца и месо. 

Дали и оваа година пред Велигден цените ќе се зголемат, прашуваат граѓаните. Исплашени од претходните години, очекуваат иста приказна и за овој Велигден. 

Велат се уште е рано да се зборува , но досегашната пракса покажала дека секоја година пред најголемиот христијански празник  производите  наместо да бидат поветини, поскапуваат.

-Секоја година е така. И јајцата и месото, и зеленчукот на пазарите. Се е поскапо. Таков е нашиот менталитет. Трговците знаат дека секое домаќинство тогаш купува по нешто за дома, и тоа го искористуваат за да ја качат цената. Цената на зеленчукот знае некогаш да биде и дупло поголема, вели скопјанка. 

Во месарнциите во моментов  кило јагнешко се продава по цена од 300 денари, свинското од 240 до 290 . Еден килограм јунешко 370 денари. Табла јајца се продава по цена од 160 до 220 денари.