Јагоди – нашето омилено пролетно овошје

Кога ќе ги прашаат кое е нивното омилено овошје, мнозинството луѓе одговараат дека тоа се јагодите.

Тоа е поради фактот што јагодите се вкусни, богати со витамини и минерали, а нивното редовно консумирање го намалува ризикот од многу заболувања.

Богати се со антиоксиданти

Јагодите спаѓаат во групата овошја со најголема концентрација на антиоксиданти, кои се важни бидејќи го чуваат нашето тело од многу заболувања и позитивно влијаат на нашето севкупно здравје.

Одличен извор на витамин Ц

Иако често ги поврзуваме со портокалите, јагодите содржат витамин Ц и се често подобра алтернатива од портокалите и лимоните. Со нив, се подобрува имунолошкиот состав во нашето тело, а истовремено уживаме в вкусна и слатка ужина.

Ја зголемуваат енергијата и го подобруваат расположението

Сте сретнале ли личност која е тажна додека јаде јагоди? Тие се богати со хранливи сосотјки, а поради природните шеќери, тие го одржуваат нивото на енергија во нашето тело во текот на денот на солидно ниво.

Помагаат при согорување маснотии

Содржат антоцијанини кои се одлични во борбата против маснотиите и помагаат во подобрување на циркулацијата во нашето тело.

Регулација на шеќерот во крвта

Јагодите значително влијаат на нивото на шеќер во крвта и се препорачуваат за дијабетичарите. Иако често се вели дека содржат многу шеќери, сепак тоа се природни шеќери, а освен тоа се богати и со природни влакна, што значи дека содржат малку калории. 

Чиста кожа без акни

Јагодите содржат алфа-хидроксна киселина која помага во отстранувањето на мртвите клетки на кожата и така помага во нејзино чистење, но и подмладување.