Јагоди – најубавото пролетно овошје

Јагодите се сочно овошје во кое уживаме во пролет и лето, а ги сакаме во различни варијанти – свежи, во овошни салати, колачи, со шлаг или чоколадо. Нивната сезона веќе полека почнува, а ние се потсетуваме зошто тие се одлични за нашето здравје.

Ви помагаат да ослабете

Доколку сакате да ја „дотерате“ својата линија пред почетокот на летото, јагодите би можеле да ви помогнат во тоа. Ова овошје содржи антоцијанин, кој помага во согорување на масните наслаги, бидејќи организмот ги користи како гориво. Истражувањата покажуваат дека тој поволно влијае и на краткотрајното помнење.

Ја намалуваат болката

Докажано е дека јагодите имаат антивоспалителни дејства кои ја ублажуваат болката. Истражувањата покажуваат дека тие ги намалуваат воспаленијата и инфекциите.

Имаат антиканцерогени и антиалергени дејства

Докажано е дека тие имаат антиканцерогено дејство. Ова овошје е богато со флавоноиди кои се добар борец против клетките на ракот воедно намалувајќи ја нивната способност да се размножат. Освен тоа, фенолната киселина од јагодите има антиалергени својства, што значи дека помагаат во биохемиските процеси, кои се поврзани со алергиските реакции.

Помагаат во борбата против дијабетесот

Иако постојат многу недоумици и истражувања за тоа дали луѓето со дијабетес треба да ги конзумираат јагодите, сепак една неодамнешна студија покажува дека тие го регулираат нивото на шеќер во крвта.

Го успоруваат стареењето

Богати се со антиоксиданти и се наоѓаат на четврто место по ред на листата на намирници со најголема концентрација на антиоксиданти. Тие се важни за нашиот организам бидејќи го штитат телото од слободните радијали кои не само што предизвикуваат многу болести, туку и го забрзуваат стареењето.