Јагоди – најдоброто пролетно овошје за нашето здравје

Јагодите се црвено овошје со убав мирис, кое за прв пат се споменало пред 2000 години. Освен што имаат одличен вкус, јагодите се особено здрави. Ако не сте алергични на нив, пролетта е совршен период да ги конзумирате во големо количество.

Имунитет

Јагодите се одличен извор на витамин Ц, што го подобрува здравјето на артериите и надбубрежните жлезди, на кои Ц витаминот им е неопходен за правилна работа. Можеби ќе ве изненади фактот дека 8 јагоди содржат повеќе витамин Ц од 1 портокал. Една јагода содржи 51.2 мг витамин Ц што е половина од препорачаната дневна доза.

Спречување на ракот

Елагинската киселина која е присутна во јагодите го спречува настанувањето на ракот на дојките, кожата, дебелото црево, простата и тн. Поточно, таа го спречува ширењето на клетките на ракот и го спречува нивното негативно делување.

Алцхајмерова болест

Јагодите се четврти по ред на листата на намирници богати со антиоксиданти. Тие го штитат телото од влијанието на слободните радикали кои предизвикуваат стареење и различни други болести, како што е Алцхајмеровата болест. Антиоксидантите имаат позитивно влијание на нашето здравје така што го спречуваат ризикот од невродегенеративни болести предизвикани од прераното стареење на мозочните станици.

Кардиоваскуларен систем

Јагодите го подобруваат здравјето на крвните жили, што позитивно влијае на тромбоцитите и липопротеините, што може да придонесе за намалување на ризикот од настанување на коронарни срцеви заболувања.

Очи

Антиоксидантните својства на јагодите го намалуваат ризикот од појава на катаракта, која може да предизвика проблеми со очите па и слепило. На очите им е потребен витамин Ц за да се заштитат од ув зраците. Витаминот исто така има значајна улога и во јакнењето на рожницата и мрежницата. 

Брчки

Витаминот Ц му е потребен на телото за да создава колаген, кој ја подобрува еластичноста и отпорноста на кожата. Со оглед на тоа дека создавањето колаген го спречува стареењето, конзумирањето храна која е богата со витамин Ц е предуслов за зачување на младешкиот изглед на кожата. 

Холестерол

Според истражувањата, болестите на срцето се најчест причинител за смрт. За среќа, јагодите содржат елагенска киселина и флавоноиди кои го смалуваат лошиот холестерол во крвта, кој предизвикува запушување на артериите. Исто така, имаат и противвоспалителни својства со што значајно го подобруваат здравјето на срцето.