Италијанките се познати по тоа дека сакаат да уживаат во храна, но тоа не значи дека ќе се помират со вишокот килограми. Тие секојдневно го применуваат трикот од 15 минути и тој им помага да ја одржат линијата.
Италијанките имаат опуштен пристап до храна и конзумираат се што сакаат - леб, тестенини, сладолед, вино ... калориите ги контролираат така што јадат едноставни намирници, ставаат помалку преливи и јадат помали порции.
Поради овој начин на исхрана, тие не мора да одат на диети и не ги практикуваат, а за да останат витки се служат и со трик кој всушност е дел од италијанската култура - кога и да имаат прилика одат во кратка прошетка која трае обично 15 минути.
Понекогаш шетаат и неколкупати дневно и тоа после оброци. Не се оптеретуваат со облеката за обликување на телото која поттикнува потење и слабеење, туку уживаат во сонцето и се дружат со пријателите или семејството.
Дека прошетката после јадење е многу корисна потврдуваат и научниците. Имено, истражување објавено во магазинот "Diabetes Care" покажало дека три прошетки дневно по 15 минути го намалуваат ризикот од дијабетес.
Истражувањата покажале и дека прошетката после вечера е најкорисна: лесна физичка активност и темница може да го „репрограмираат“ телесниот часовник и така да ви помогнат подобро да спиете, да го подобрите варењето и да го намалите нивото на инсулин после јадење.
Со тоа воопшто нема да имате чувство дека вежбате.