Јаболка во тесто за палачинки

Дали сте помислиле дека парчињата од јаболкото можете да ги потопите во густо тесто за палачинки и да направите неповторлив десерт?

Можеби ќе ви одземе повеќе време за подготовка, но чекањето навистина вреди.

Состојки:

1 кг јаболка
Две кесички ванилин шеќер
Половина лажичка цимет
Две лажици вино
Масло

Две јајца
500 мл млеко
350 гр брашно
Малку сол
Кора од половна лимон

Подготовка:

Јаболката излупете ги и исечете ги на кругови. Отстранете ги семките. Посипете со ванилин шеќер, цимет и вино и оставете ги да отстојат 30 минути. 

Подгответе го тестото од јајцата, брашното и млекото, ставете малку сол и кора од лимон и изматете, па оставете ја и оваа смеса да отстои 30 минути. 

Секое парче јаболко потопете го во оваа смеса и пржете на подмачкана нелеплива тава. 

Посипете со шеќер во прав и цимет и уживајте.