Ја заслужувате љубовта која постојано им ја давате на другите луѓе

Ако некој ви даде шанса, вие би биле најсветлата ѕвезда на нивното небо. Би им го правеле најубаво кафе наутро, би им го разубавувале секој понеделник, би им правеле топла супа кога настинките доаѓаат. Често посакувате таква љубов, но се чини како таа никако да дојде.

Ќе го научите ова на најтешкиот начин – не може секој да ја прифати љубовта која сте подготвени да им ја дадете и ретко кој може да ви ја даде љубовта која ја заслужувате. Најголем дел од животот ќе налетувате на луѓе за кои кафето е премногу горко, или премногу слатко, луѓе кои никако не можат да престанат да мразат понеделници и луѓе кои не сакаат да сте покрај нив кога се настинати. Тие се луѓе кои никако нема да можат да ја прифатат вашата љубов и за кои секогаш таа ќе биде како некакво гушење.

Не останувајте предолго покрај овие луѓе.

Но, еден ден ќе дојде онаа личност покрај која заслужувате да бидете. Тие ќе го освојат вашето срце, а вие ќе го освоите нивното. Тие ќе ги направат полесни дождливите денови кои ги мразите, а вие ќе ги разубавите премногу сончевите денови кои тие не ги поднесувате. Ќе бидете своето лонче и капаче. Ќе се прашувате каде биле целиот живот, но ќе бидете свесни дека сето тоа што ви се случувало во животот ве донело во нив.

Никогаш не би ја сфатиле нивната вредност, ако немавте луѓе кои досега не знаеја како да се носат со вашата љубов и луѓе кои ве повредија.

Овие луѓе се посебни. Тие ве сакаат и тие се тука за да останат. Чувајте ги!