Во текот на ноќта битката со животот ја загуби дваесетгодишниот Никола Саздовски - Саздо, член на навивачката група Комити, дознава Скопје Инфо. Тој минатата недела крвнички беше прететан во скопската населба Автокоманда. Пријателите на Никола преку социјалните мрежи се простуваат со него.

Никола Саздовски – Саздо, 20-годишно момче, дел од навивачката група ,,Комити”, беше минатата недела крвничнички претепан. Полицијата при информирање за настанот истиот го квалификуваше како „насилство“. Јавноста реагираше за настанот, а социјалните мрежи беа полни со револт и коментари.

Министерството за внатрешни работи информираше дека СВР Скопје поднел кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“.По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода и одредена им е мерка притвор